Бугарите протестираат против корупцијата, фрлаа петарди и шишиња на полицијата (ВИДЕО)

Околу 10.000 луѓе се собраа синоќа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата“ и оставка на владата која ја обвинуваат за врски со олигарсите.

EPA-EFE

На антивладините протести во повеќе градови се собраа неколку десетици илјади луѓе, а во местото Велико Тарново, во центарот на земјата, демонстрантите за време на говорот на претседателката на парламентот Цвета Карајанчева по повод националниот празник извикуваа „оставка“.

„Оставка“ и „мафија“ скандираа и демонстрантите во Софија, меѓу кои голем број млади, правејќи заглушувачка бучава пред седиштето на владата.

„Тврдоглаво стојам на тоа својот живот да го изградам во Бугарија, иако повеќето мои колеги сакаат да ја напуштат земјата штом дипломираат“, кажа една студентка по медицина во Софија.

Историската зграда на парламентот ја чуваа три полициски кордони на кои демонстрантите фрлаа петарди и шишиња.

Секојдневни протести против корупцијата се одржуваат во Софија веќе два и пол месеци и во нив учествуваат луѓе од различни слоеви на општеството и разни политички определувања, барајќи живот „по европски стандарди“.

Бугарија е најсиромашната земја во Европската Унија, како што покажува индексот на корупција на невладината организација Транспаренси интернешнал, и нејзина најкорумпирана членка.

На власт веќе речиси десет години, премиерот Бојко Борисов од редовите на десниот центар, чиј мандат истекува во март следната година, одбива да поднесе оставка под изговор дека е загрижен за стабилноста на земјата во контекст на здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

На својот профил на Фејсбук тој напиша дека „до успех се доаѓа со дијалог, а не со конфронтација“.

Претседателот Румен Радев, близок до опозициските социјалисти, им го честиташе Денот на независноста „на разбудените граѓани кои укажуваат на моралното пропаѓање“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе