Бугарите ги одобрија преговорите за купување на американските авиони Ф-16

Бугарскиот парламент го одобри планот на владата да ги започне преговорите со САД за купување на осум нови борбени авиони Ф-16 кои би ги замениле застарените советски авиони МиГ-29 и би ја подобриле усогласеноста со НАТО стандардите.

Околу 130 пратеници гласаа за планот на централно-десничарската влада, предводена од премиерот Бојко Борисов, додека 84 беа против, обвинувајќи ја владата за кршење на правилата за тендер.

Договорот за авионите Ф-16В Блок 70 на Локхид Мартин, ќе биде во вредност од околу 1,05 милијарди долари, што ќе биде најголема воена набавка на Бугарија од падот на комунизмот пред 30 години.

Другите конкуренти биле шведските авиони Грипен на компанијата Сааб и италијанските користени ловци Еурофајтер.

Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов кој призна дека американската понуда го надминува буџетот за речиси 175 милиони долари, рече дека преговорите ќе траат околу четири месеци, а прв состанок би требало да се одржи во февруари во Брисел.

„Ни престојат бројни проблеми што треба да ги разјасниме - датумот на испорака, одржувањето... испорака на резервни делови“, рече Каракачанов, пренесе Ројтерс.

Прашањето за тоа кои воени авиони да се набават ги оптоварувало различните влади во Бугарија повеќе од деценија.

„Американската амбасада ја поздрави одлуката на бугарското Национално собрание да започне со преговорите за купување на Ф-16 Блок 70 воените авиони на компанијата Локхид Мартин“, се вели во соопштението на американската амбасада во Софија.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме да го зајакнуваме нашето стратешко партнерство со нашиот НАТО сојузник Бугарија“.

Планот за купување на американските Ф-16 предизвика жестоки политички дебати во Бугарија, при што поддржувачите го поздравија како добар стратешки избор за Бугарија, но многумина го критикуваа процесот, вклучувајќи го и претседателот Румен Радев, кој го опиша како „триумф на лобирање“.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе