Бугарите од Америка сакаат Ф-35 и пат на Месечината

Авиони Ф-35, укинување на визите, инвестиции и пат на Месечината – ова се потенцијалните теми на разговорите при посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Америка, изјави поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси за бугарската национална телевизија БНТ.

„Најпрвин треба да се отвори прашањето за понатамошниот развој на бугарското вооружување, пред сѐ за купувањето на Ф-35“, кажа тој.

„Бугарија купи Ф-16, но треба да размисли и за купување авиони од следната генерација. тие (Ф-35) масовно се појавуваат и во Пентагон и насекаде низ светот, па Бугарија треба да размислува стратегиски – 10 до 15 години однапред“, изјави Паси.

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија смета дека на Бугарија ѝ е потребно поголемо воено присуство на САД во Црното Море.

„Тоа е нешто што може да ги попречи нападите на господинот (Владимир) Путин“, изјави Паси.

Покрај тоа, Паси смета и дека Борисов од американскиот претседател Доналд Трамп треба да побара САД да ги вклучат Бугарите во својата следна мисија на Месечината.

Тој истакна дека треба да се иницираат прашањето за укинување на визите, зголемување на американските инвестиции и исполнувањето на „дамнешниот сон на Бугарите“ – да испратат човек на месечината.

„Сега е вистинското време да се премине на реализација на стариот сон на Бугарија во нашите билатерални односи: да се испрати космонаут со (мисијата) на НАТО“, изтакна тој.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе