Ќе ја поддржат Унгарија

Бугарите му забија нож во грб на Брисел

Бугарија ќе ја поддржи Унгарија во нејзините напнати односи со Европската Унија околу демократските стандарди, порача потпретседателот на Бугарската влада Красимир Каракачанов, истакнувајќи дека земјите од Источна Европа треба да бидат здружени во односите со Брисел.

Каракачанов, инаку член на антиемигрантски расположената партија Обединети патриоти, помалиот партнер во бугарската владејачка коалиција, изјави дека бугарската влада е едногласно за усвојување заеднички став против какви било санкции за Унгарија, пренесува Ројтерс.

„Сметаме дека станува збор за повреда на суверенитетот на една рамноправна земја членка на Европската Унија“, им кажа Каракачанов на новинарите по состанокот на владиниот кабинет.

Како што истакна, „денес тоа е Унгарија, утре би можела да биде Полска, а еден ден Бугарија може да се најде на обвинителната клупа. Земјите од централна и источна Европа треба да дејствуваат солидарно и да си помагаат бидејќи имаат заеднички проблеми“.

Европскиот парламент минатата недела, во гласање без преседан, ги поддржа санкциите против Унгарија, обвинувајќи ја десничарската влада на премиерот Виктор Орбан дека гази по стандардите на ЕУ за демократијата, граѓанските права и корупцијата.

Тоа, теоретски, може да резултира со губење на правото на глас на Унгарија во ЕУ, но која било земја членка може да стави вето на таквиот потег, а Полска и Чешка веќе навестија дека ќе го направат тоа, потсетува британската агенција.

ЕУ против Полска води истрага поради резултатите на полето на демократските стандарди и владеењето на правото.

Иако Брисел ја критикува Бугарија поради пропустите во ефикасното воведување строго владеење на правото, земјата не се соочува со каква било истрага околу тоа.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе