„Бил пијан и дрогиран“

Бугаринот уапсен во Германија на мајка си ѝ признал дека ја убил новинарката

Мајката на 20-годишниот Бугарин уапсен во Германија поради убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова кажала дека син ѝ признал дека е виновен, објави денес бугарската телевизија НОВА, а пренесува Ројтерс.

„Тој призна дека тоа го направил додека бил пијан и многу дрогиран“, му кажала Надежда Карисимирова на бугарскиот новинар во Германија каде што живее.

„Тој призна и почна да плаче пред мене. Тој не е таков, не можам да го разберам ова“, додала мајката.

Северин Красимиров

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство за силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.

Телото на 30-годишната Маринова, водителка на емисија за регионалните настани на локална телевизија, беше најдено во саботата во парк во близина на дунавското пристаниште Русе.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе