Бугарија воведе казни до пет години затвор за кршење на мерките против коронавирусот

Бугарија го заостри законот и воведе казна до пет години затвор, со пропратни парични казни, за кршење на здравствените мерки воведени за зауздување на коронавирусот.

Бугарија претходно воведе вонредна состојба и донесе низа драстични мерки за спречување на заразата, вклучувајќи затворање на сите продавници кои не се неопходни, баровите, рестораните, училиштата, културните установи и ограничување на собирите.

Новоизгласаниот закон предвидува затворска казна од три години парични казни од 500 до 5.000 евра за кршење на споменатите ограничувања.

Ако непочитувањето на владините мерки резултира со смрт, прекршителите ги очекува петгодишна казна затвор и казна од 5.000 до 25.000 евра.

Секое заразено лице или лице кое било во контакт со лице кај кое е потврден вирусот ковид-19, а кое одбива изолација, ќе се казни со 2.500 евра.

Софија исто така ги затвори границите за лицата кои немаат постојан престој во земјата за време на периодот на вонредна состојба.

Во земјата со седум милиони жители забележани се 30 случаи на зараза и еден смртен случај.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе