Прогласувајќи ги за непожелни во земјата

Бугарија „веројатно“ ќе протера двајца руски дипломати зашто шпионирале

Бугарија веројатно ќе протера двајца руски дипломати поради обвиненија за шпионажа, соопшти бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Од обвинителот го добивме писмото со обвиненијата. Ќе ги преземеме акциите што сме обврзани да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за персона нон грата“, вели Захариева, дополнувајќи дека во текот на денот на разговор ќе биде повикан рускиот амбасадор во Софија.

Писмото од јавниот обвинител со информации за граѓани што шпионирале на бугарска територија е примено денеска во Министерството за надворешни работи. Обвинителите велат дека Русите биле вклучени во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе