Во однос на БДП

Бугарија веднаш зад САД според вложувањата во одбраната во НАТО

Бугарија изби на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ.

Балканската членка на воениот пакт стигна веднаш за Соединетите Американски Држави откако бугарската влада уплати милијарда и 200 милиони долари за купување нови осум ловци Ф-16, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Се наведува дека Бугарија немала толку високи трошоци за одбраната во последните 16 години.

Буџетот на бугарското министерство за одбрана за 2019 година изнесува три милијарди и 515 милиони левови, односно околу милијарда и 800 милиони евра.

На самитот на НАТО во Велс во 2014 година, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека е потребно Бугарија да ги зголеми своите трошоци за одбрана.

Како што наведува БНТ, добрата вест е што по години на намалување на воените буџети, сите НАТО сојузници постепено ги зголемуваат своите трошоци за одбрана, и дека сѐ повеќе земји на Алијансата ја достигнуваат целта од два отсто за одбраната во однос на БДП.

Од сите 29 членки на НАТО, најголем буџет за одбрана имаат САД, односно 3,42 отсто од БДП, Бугарија 2,6 отсто, а потоа следат Грција, Британија, Естонија, Романија, Полска и Летонија.

Симеон Николов од бугарскиот Центар за стратегиски студии смета дека Бугарија се наоѓа во „златно опкружување“ со само шест земји-членки на НАТО кои го исполнуваат критериумот за трошење за одбраната од два отсто од БДП.

Германија троши 1,3 отсто од својот БДП на одбраната, но таа сума реално вреди 37,6 милијарди евра.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе