Бугарија со рекорден број новозаразени, воведува задолжителни маски и на отворено

Рекорден број новозаразени со ковид-19 се евидентирани во Бугарија во последните 24 часа, а од четврток носењето маски ќе биде задолжително на сите јавни отворени простори со цел да се спречи ширењето на заразата, најави министерот за здравство на таа земја.

Фото: ЕПА

Костадин Ангелов рече дека носењето маски, заедно со социјалното дистанцирање и честата дезинфекција, ќе го забават ширењето на вирусот за 30 проценти и ќе спречат преоптоварување на здравствениот систем.

„Ако луѓето строго се придржуваат до мерките, очекуваме да се намали стапката на нови зарази. Нашата главна цел е да го намалиме бројот на заразени Бугари, така што помалку луѓе да мора да одат во болници и помалку луѓе да умираат во нив“, рече тој.

Бугарија денеска има 1.024 новозаразени, најмногу од првите случаи на инфекција во март.

Земјата со седум милиони жители досега регистрира 30.527 случаи на зараза со коронавирусот, а од оваа болест таму починаа 1.008 лица.

Ангелов рече дека новата мерка, чија цел е да ги заштити и здравствените работници, ќе биде во сила до крајот на ноември.

Во изминатите 24 часа 71 здравствен работник биле позитивни на коронавирусот во Бугарија, а досега се заразени вкупно 1.622, покажуваат податоците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе