Бугарија протера руски дипломати, недозволено шпионирале на територијата на земјата

Бугарските разузнавачки служби и канцеларијата на јавниот обвинител собраа доволно податоци за да ги обвинат за шпионирање руските дипломати, кажа бугарскиот премиер Бојко Борисов.

EPA-EFE

Истакна дека „постојат одредени нешта кои се недозволиви на територијата на Бугарија“ и дека секој кој ќе се обиде да шпионира ќе биде темелно истражен и протеран.

Бугарското министерство за надворешни работи им даде вчера на двајца руски дипломати 72 часа да ја напуштат земјата откако обвинителите ги обвинија дека се вмешани во шпионирање од 2016 година.

Претходно обвинителството соопшти дека руските дипломати барале доверливи податоци за плановите за модернизација на војската и одржувањето на воената опрема од 2016 година.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти денес дека одлуката на Бугарја да протера двајца службеници на економско-трговскиот оддел на амбасадата на Русија во Софија ќе ја наруши билатералната соработка.

Како што е наведено во соопштението, мерките со кои Москва ќе одговори на овој потег на Софија ќе бидат објавени подоцна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе