Бугарија пак се откажа од изградбата на нуклеарната централа Белене, ќе го надградува Козлодуј

Бугарија се откажа од изградбата на нуклеарна централа во близина на градот Белене на Дунав, но ќе работи на проширување на старата нуклеарна централа Козлодуј.

Фото: ЕПА

Софија веќе двапати ја прекинуваше и ја продолжуваше работата на тој проект, но сега веројатно тоа ќе биде засекогаш.

Владата го одобри извештајот на министерката за енергетика Теменужка Петкова со кој се предлага изградба на нов, седми нуклеарен реактор во старата нуклеарна централа Козлодуј, каде што ќе биде пренесена опремата купена од Русија за Белене.

Сепак, бугарската влада нема дефинитивно одлучено што ќе се случи со веќе купените руски нуклеарни реактори за Белене, објави бугарски Еурактив.

„По изградбата на седмиот реактор, ќе почнеме со изградба на осми реактор (во Козлодуј)“, рече премиерот Бојко Борисов.

Само два реактори работат во Козлодуј - петтиот и шестиот, бидејќи Бугарија мораше од безбедносни причини да ги затвори првите четири реактори, што беше услов за влез во Европската Унија.

Извештајот на министерката за енергетика за новиот проект за проширување на Козлодуј е направен по консултации со претставниците на американската компанија Вестингхаус.

Комбинирањето руски реактори и американска технологија беше првичната идеја на Бугарија, а управата на нуклеарната централа Козлодуј процени дека најмалку 10 реактори може да бидат ставени во функција во рок од 10 години.

За Бугарија, која во голема мера е зависна од јаглен, проширувањето на Козлодуј е единствената реална опција за исполнување на барањата на Европскиот зелен договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Козлодуј, првата бугарска нуклеарна централа, работи од 1974 година и има репутација дека обезбедува евтина електрична енергија и девизи благодарение на извозот.

Планот за изградба на нуклеарната централа Белене беше направен во осумдесеттите години, работата почна во 1987 година, а проектот беше напуштен во 1990 година, по пропаста на бугарската социјалистичка влада.

Владата го рестартираше проектот во 2002 година, а во 2008 година беше потпишан договор со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на два блока на нуклеарната централа.

Сепак, изградбата повторно беше стопирана во 2012 година, откако владата се обиде да ангажира и американски и европски инвеститори на проектот и побара од руската компанија да ја намали цената.

Бугарскиот парламент во 2018 година гласаше за продолжување на проектот, но постапката беше привремено прекината поради пандемијата.

Бугарски Еурактив напиша дека за проектот Белене се потребни нови одобренија од Европската комисија и од независни регулаторни тела во Бугарија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе