Бугарија одлучи да купи осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

Бугарската влада одлучи за 1,2 милијарди долари да купи осум нови ловци Ф-16, објави бугарскиот весник Новините.

Новите авиони треба да ги заменат веќе дотраените авиони МиГ-29, кои биле купени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во Бугарија во последните 30 години.

Купувањето на авионите, оружје, пропратната опрема и системи ќе се изврши преку четири различни тендери.

Заменик министерот за одбрана Атанас Запарјанов изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот Конгрес да помогне со 60 милиони долари. Тој кажа дека шест авиони Ф-16 со едно седиште и два со две седишта ќе бидат испорачани во 2023 година. Одлуката треба да ја одобри парламентот, но се очкува тоа лесно да мине бидејќи владејачката коалиција го има потребното мнозинство.

Министерството за финансии на Бугарија претходно соопшти дека за купувањето на авионите Бугарија ќе земе кредит во висина од околу 170 милиони долари.

Бугарското воено воздухопловство беше во големи проблеми бидејќи на „миговите“ им истекуваат ресурсите, а пропадна ремонтот на советските авиони сухој Су-25 кои ги има бугарската војска.

Минатата година министерството за одбрана на Бугарија склучи договор со белоруска фабрика за ремонт на авионите. Меѓутоа, при обидот да се уплати првата рата, беше утврдено дека фабриката е под европски санкции. Подоцна со предлог да ја реализира нарачката излезе бугарската компанија „Авионамс“, која со ремонт на овие авиони се бавела пред дваесет години, но бугарското министерство заклучи дека фабриката сега не располага со потребната опрема и професионален персонал.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе