Бугарија нема пари за новите борбени авиони кои најави дека ќе ги купи

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека во буџетот на земјата нема пари за купување авиони Ф-16.

Во случај да биде потпишан договор, ќе треба да се издвојуваат пари од резервните фондови.

„Бидејќи пари во буџетот нема, ние ќе му предложиме на парламентот тие пари да се префрлат од резервните фондови“, кажа Борисов.

Премиерот на Бугарија истакна и дека сѐ уште не е јасна точната сума во договорот, но дека станува збор за околу 2 до 2,2 милијарди левови (околу 1,1 милијарди евра).

Министерството за финансии на Бугарија претходно соопшти дека за купување на овие авиони Бугарија ќе семе кредит во висина од околу 170 милиони евра.

Финалните преговори околу договорот за набавка на авионите Ф-16 ќе се одржат следната недела.

Одлуката за купување на американските ловци Ф-16 Бугарија ја донесе во декември.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе