Бугарија ќе ги затвори термоелектраните на јаглен до 2040 година

По протестите на рударите, Бугарија објави дека ќе ги затвори сите термоелектрани на јаглен помеѓу 2038 и 2040 година.

Илустрација: Пиксабеј

Рударите од јужните делови на земјата во средата протестираа во центарот на главниот град, барајќи термоелектраните да бидат затворени што е можно подоцна.

Точниот датум парламентот ќе го одреди по изборите на 14 ноември.

Во планот за закрепнување на економијата од кризата со корона, кој во петок ќе го достави до Европската комисија, преодната влада во Софија предложи тие да бидат затворени од 2038 до 2040 година.

„Поблиску до 2040 година“, нагласи привремениот премиер Стефан Јанев.

Бугарија е богата со јаглен и струјата во најголема мера ја произведува од тој енергент.

Легенда под Главна слика

Илустрација: Пиксабеј

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе