Бугарија: Јанев на чело на привремената влада

Бугарскиот претседател Румен Радев го именуваше актуелниот привремен премиер Стефан Јанев да ја води новата привремена влада, откако вчера распиша предвремени парламентарни избори за 14 ноември.

EPA-EFE

Радев ќе ја претстави новата влада подоцна денес.

Новите избори се одржуваат по неуспешните обиди на партиите по изборите во април и јули да формираат влада.

Привремениот кабинет на Стефан Јанев стана популарен откако откри дека претходната влада на Бојко Борисов потрошила милијарди левови од даноците на граѓаните на спорни инфраструктурни проекти.

Како што јавува Ројтерс, двајцата најпопуларни членови на владата, министерот за економија Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василев нема да бидат во новиот кабинет бидејќи се очекува наскоро да формираат сопствена политичка партија.

Радев го именуваше Валериј Белчев за привремен министер за финансии.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе