Бугарија и Грција ќе се снабдуваат со гас од Азербејџан

Бугарија и Грција започнаа изградба на гасовод кој ќе овозможи снабдување со гас од Азербејџан до Бугарија, наведе порталот Енерџи маркет прајс.

На церемонијата во близина на границата, премиерите Бојко Борисов и Алексис Ципрас го надгледуваа официјалниот почеток на изградбата на интерконекцијата помеѓу гасоводните системи на двете земји.

По неколкугодишните одложувања, 182 километарската интерконекција помеѓу Бугарија и Грција со почетен годишен капацитет од 3 милијарди кубни метри се очекува да биде подготвена до крајот на 2020 година и ќе пренесува главно азербејџански гас за Бугарија.

„Проектот е од стратешко значење не само за нашите две земји, туку и за цела Европа, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан“, рече Борисов.

„Тоа ќе доведе до вистинска диверзификација на испораките на гас“.

Се проценува дека грчко-бугарската гасоводна интерконекција ќе чини 240 милиони евра.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе