Бугарија: до средината на мај предвремени избори

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ќе распише предвремени избори до средината на мај, по неочекуваната оставка на владата.

„Парламентот најверојатно ќе биде распуштен до крајот на следната недела“, рече тој, пренесува Франс прес.

Плевнелиев потоа ќе именува привремена влада составена од експерти и ќе закаже предвремени избори во периодот од крајот на април до средината на мај.

Бугарскиот парламент завчера ја прифати оставката на Владата по серијата насилни протести поради високите сметки за струја, отворајќи го патот за предвремени избори во најсиромашната членка на Европската Унија.

Борисов пред два дена испрати официјално писмо до парламентот во кое поднесе оставка, по осумдневните протести поради зголемувањето на цената на струјата и мерките за штедење, при што беа повредени и приведени поголем број луѓе.

Демонстрантите бараа оставка од Владата, обвинувајќи ја дека не успеала да го подобри нивниот животен стандард, според кој Бугарија е на самото дно на Европската Унија.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе