Бугарија: 30 години затвор за убиството и силувањето на новинарката

Бугарски суд го осуди на 30 години затвор човекот обвинет дека ја силувал и убил телевизиската новинарка Викторија Маринова.

Дваесет и едногодишниот Северин Красимиров се појави денес во лисици и опкружен од полицијата во регионалниот суд во северниот град Русе, каде што претходно се изјасни за виновен и побара брзо изрекување на казната.

Телото на новинарката Викторија Маринова беше најдено кај Дунав во Русе на 6 октомври минатата година.

Истражителите наведоа дека таа била силувана, удрена во главата и задушена.

Красимиров претходно кажа дека на 6 октомври бил под влијание на алкохол и дрога кога почнал да се расправа со жена која не ја познавал.

Тој кажа дека ја удрил во лице и дека ја фрлил во грмушки, но дека не се сеќава што се случило по тоа.

Полицијата заклучи дека напаѓачот дејствувал самостојно.

Красимиров беше уапсен во Германија каде што избегал и ѝ беше екстрадиран на Бугарија една недела по убиството.

Со тоа што се изјасни како виновен тој ја зибегна максималната, доживотна казна затвор.

Тој има рок од 15 дена да поднесе жалба на изречената пресуда.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе