Според нова студија

Брзата вакцинација им помогна на Британците нагло да ја намалат стапката на зараза во март

Брзата вакцинација во Англија почна да дава позитивни резултати, па стапката на инфекција нагло падна во март, според податоците објавени денеска.

Фото: ЕПА

Студијата РЕАКТ, спроведена од научници од Кралскиот колеџ во Лондон, покажа дека бројот на заразени паднале за околу 60 проценти од последната студија во февруари, а сега во просек е заразен секој петстоти човек.

Пол Елиот, директор на програмата РЕАКТ, ја поздрави добрата вест за падот на бројот на заразени како индикатор „дека одиме во вистинската насока“.

Падот на новите инфекции е исто така последица на тримесечното затворање, рече тој, но и знак дека кампањата за вакцинација дала резултати.

„Бројот на заразените е најмал во групата што е најмногу вакцинирана, а тоа се, според нашите податоци, од 65 до 74 години и од 75 години па нагоре“ и „затоа мислам дека стореното сведочи... за ефектот од вакцинацијата“, рече тој пред новинарите.

Генерално, во Англија преваленцата падна од 0,49 во февруари на 0,20 во март.

Научниците од програмата РЕАКТ предупредуваат дека кон средината на март брзината на опаѓање на инфекцијата почнала да стагнира и овој тренд сега внимателно ќе се следи.

Многу училишта почнаа да се отвораат оваа недела, а ограничувањата дополнително ќе се намалат следната недела.

Студијата РЕАКТ е една од најголемите студии за ковид-19 во Англија со повеќе од 140.000 волонтери тестирани помеѓу 11 и 30 март, што беше последната рунда.

Министерот за здравство Мет Хенкок ги поздрави резултатите од студијата, велејќи дека „овие резултати се надежни и дека го покажуваат важниот ефект на блокадата во комбинација со нашата феноменална програма врз падот на стапката на заразените со овој ужасен вирус“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе