Вулканот Фуего

Бројот на жртвите во Гватемала скокна на 69, спасувачите трагаат по преживеани (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот Џими Моралес прогласи тридневна жалост.

Бројот на жртвите од ерупцијата на вулканот во Гватемала се искачи на најмалку 69, додека спасувачите се во потрага по можни преживеани под реките од пепел и кал. Бројот на жртвите веројатно уште повеќе ќе се зголеми.

Директорот на Националниот институт за форензичка наука на Гватемала, Фануел Гарсија, рече дека досега се идентификувани само 17 тела.

„Многу ни е тешко да ги идентификуваме, бидејќи некои од загинатите немаат карактеристики или отпечатоци од прсти“ поради реките лава, рече Гарсија. „Ќе мора да прибегнеме кон други методи... и ако е можно да земеме примероци на ДНК за да ги идентификуваме.“

Друг функционер рече дека ерупцијата во неделата предизвикала поплави од брзодвижечка смеса од многу топол гас и вулкански - познати како пирокластични текови, кои ги поклопиле околните села и жителите имале малку време за да избегаат.

„Тоа е река од лава што ги преплави бреговите и го погоди селото Ел Родео“, изјави за Асошиетед прес Серџо Кабанас, шеф на агенцијата за катастрофи во Гватемала, Конред. „Има повредени, изгорени и мртви луѓе“.

Тој рече дека четири лица загинале кога лавата запалила куќа, а две деца загинале додека стоеле на мост гледајќи ја ерупцијата. Вкупно два милиони луѓе се погодени, додаде тој.

Официјалните претставници велат дека десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати по најнасилната вулканска ерупција во земјата за повеќе од еден век. Оваа централноамериканска земја е позната по своите вулкани и содржи 34 од нив.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе