Според информациите од свештениците, во урнатините загинал свирачот на оргули кој во моментот на земјотресот во црквата го чистел инструментот, кој бил погоден од претходниот потрес.
Претходно беа најдени шест жртви на разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер чиј епицентар беше во областа на Петриња.
„Иако потрагата сè уште трае, со тага ги јавуваме информациите за смртно настраданите: девојче во Петриња и пет мажи во Мајски Полјани“, објави министерството за надворешни работи на Хрватска вчера.
Покрај тоа, најмалку шест лица се тешко повредени, а 20 полесно.
Потрагата во урнатините продолжува.