Улиците во Петриња полни со урнатини

Бројот на жртвите на земјотресот во Хрватска се качи на седум

Пожарникарите синоќа, по повеќе од шест часа потрага, нашле тело на загинат маж во урнатините на црквата свети Никола и Вид во Жажина, со што бројот на загинатите во разорниот земјотрес кој ја погоди централна Хрватска се качи на седум, јави агенцијата ХИНА.

EPA-EFE

Според информациите од свештениците, во урнатините загинал свирачот на оргули кој во моментот на земјотресот во црквата го чистел инструментот, кој бил погоден од претходниот потрес.

Претходно беа најдени шест жртви на разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер чиј епицентар беше во областа на Петриња.

„Иако потрагата сè уште трае, со тага ги јавуваме информациите за смртно настраданите: девојче во Петриња и пет мажи во Мајски Полјани“, објави министерството за надворешни работи на Хрватска вчера.

Покрај тоа, најмалку шест лица се тешко повредени, а 20 полесно.

Потрагата во урнатините продолжува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе