Бројот на жртвите на вулканот на Нов Зеланд порасна на 16, првата идентификувана жртва има 21 година

Нуркачите кај вулканот на новозеландскиот Вел Остров не ги нашле телата на двете последни лица исчезнати во ерупцијата во понеделникот, соопшти полицијата, а бројот на жртвите порасна на 16 откако на повредите им подлегна уште едно лице.

Лицето, чиј идентитет не е објавен, умре во болница во Австралија.

Уште дваесетина луѓе поради тешки изгореници се на интензивна нега во болници во Австралија и Нов Зеланд.

Во меѓувреме продолжува операцијата на вулканскиот остров по преостанатите две тела.

Властите веруваат дека телата се во морето. Нуркачите вчера во водите околу вулканот успеале да најдат само едно тело кое било забележано во водата по ерупцијата.

„Истражувачката екипа е разочарана. Целосно разбираме до која мера е тоа тешко за најблиските“, изјави заменикот полициски командир Мајк Клемент по враќањето на екипата од осум полицајци.

Тој додаде дека полицијата и понатаму се надева дека ќе ги најде телата на исчезнатите.

Научниците наведуваат дека во однос на понеделникот активноста на вулканот е ослабена, но дека и понатаму постои опасност од ерупција.

Полицијата го објави и името на првата идентификувана жртва на ерупцијата. Потврдено е телото на дваесет и едногодишната Ив Броуит, Австралијка од Мелбурн која со семејството туристички престојувала на островот.

Нејзиниот татко Пол и сестра Стефани се хоспитализирани и ги лекуваат од тешки изгореници.

Вулканот на Белиот Остров е популарна туристичка дестинација и еден од најактивните вулкани на Нов Зеланд.

Иако тлото знае да се тресе, псоледната смртоносна ерупција се случила во 1914 година, кога загинале 12 рудари.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе