Се приближува до највисоката стапка

Бројот на заразени во светот е двојно зголемен последниве 2 месеци, предупреди СЗО

Бројот на новозаразени од коронавирусот неделно во светот е скоро двојно зголемен во последните два месеци и се приближува до највисоката стапка на зарази досега, рече шефот на Светската здравствена организација.

Фото: ЕПА

„Случаите (на зараза) и смртните случаи се зголемуваат со загрижувачки стапки“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг, нагласувајќи ги Папуа Нова Гвинеја (ПНГ) и регионот на Западен Пацифик.

Шефот на СЗО рече дека е многу загрижен за Папуа Нова Гвинеја и дека е од клучно значење за земјата да прими што повеќе вакцини против ковид-19.

ПНГ потврди повеќе од 9.300 инфекции и 82 смртни случаи. „Иако овие бројки сѐ уште се помали отколку во другите земји, порастот е остар и СЗО е загрижен за можна многу поголема епидемија“, рече Тедрос.

Министерот за здравство на земјата, Јелта Вонг, рече дека е проблем да се убедат луѓето да носат маски и да се поништи неверувањето во самата болест, што може да го комплицира почетокот на вакцинирањето.

Официјални лица на СЗО соопштија дека три екипи за итна медицинска помош пристигнале во ПНГ оваа недела од Австралија, САД и Германија.

„Ситуацијата во моментов е крајно проблематична“, рече Такеши Касаи, регионален директор на СЗО за Западен Пацифик, за ПНГ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе