Ројтерс

Бројот на заразени во Источна Европа надмина 10 милиони

Бројот на лицата заразени со ковид-19 во Источна Европа вчера надмина десет милиони, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Од почетокот на пандемијата, земјите во регионот пријавиле повеќе од 10,02 милиони случаи и 214.691 починат. Сепак, дневниот просек на нови случаи опаднал за околу 31 процент во последните 30 дена во споредба со претходните 30 дена.

Русија има најмногу случаи во регионот и во понеделникот стана првата европска земја што надмина четири милиони. Таа, исто така, објави најголем број смртни случаи во Источна Европа - 79.194, според британската агенција.

Во Русија, Полска, Чешка, Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија досега се извршени околу 4,5 милиони вакцинации, според нивните министерства за здравство.

Во Русија се дадени најмалку милион дози и под претпоставка дека на секое лице му се потребни две, тоа е доволно за да се имунизираат околу 0,3 проценти од населението, според анализата на Ројтерс.

Во пандемијата, во која починаа повеќе од 750.000 луѓе само во Европа, одложувањата за испорака објавени од производителите Астра зенека и Фајзер ја попречија целта на Европската Унија до летото да вакцинира 70% од возрасните.

Многу источноевропски земји се обратија до доставувачите од Кина и Русија. Унгарија вчера стана првата членка на ЕУ што ја употреби руската вакцина Спутник V. Чешкиот премиер Андреј Бабиш во средата изјави дека земјата ќе чека Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја одобри руската вакцина.

Украина, која регистрираше повеќе од 1,2 милион случаи на инфекција и 24.058 смртни случаи, веќе се согласи да купи контингент вакцини од Кина и очекува да добие најмалку осум милиони дози во рамките на програмата Ковакс.

Државата веќе обезбеди 12 милиони вакцини од индискиот институт Серум произведени од Астра зенека и Новавакс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе