Бројот на загинати во земјотресот во Турција се качи на 22, сѐ уште има луѓе под урнатините (ВИДЕО)

Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од илјада се повредени во силниот земјотрес на истокот на Турција, каде спасувачите утринава ги извлекуваа првите жртви од урнатините.

Најмалку триесет луѓе се сѐ уште под урнатините по земјотресот со јачина од 6,8 по Ритер кој вчера околу 20:55 по локално (18:55 по средноевропско) време го погоди округот Сиврице, во покраината Елазиг.

АФАД, агенцијата за катастрофи на турската влада, објави утринава на Твитер дека досега се спасени петмина преживеани.

Меѓу нив и бремена жена која десетина часа била под урнатините, објави државната агенција Анадолу.

„Беше страшно, зградата почна да се урива, а ние истрчавме надвор“, изјави за Франс прес Мелахат Џан (47), жител на Елазиг. „Сега сме на фарма надвор од градот“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе се преземат сите потребни мерки за да му се помогне на погодениот регион и дека таму испратл дел од министрите.

„Преку нашите институции, пред сѐ АФАД и Црвената полумесечина, присутни сме меѓу народот“, објави Ердоган на Твитер.

Спортските сали, школите и библиотеките ги отворија вратите за сите кои избегале од своите домови, објавија властите.

АФАД објави дека по големиот земјотрес биле забележани најмалку 30 помали потреси и над 400 спасувачки екипи се испратени на терен.

Турција се наоѓа во сеизмички најактивниот регион на светот па земјотресите таму се чести.

Во 1999 година во земјотрес со јачина од 7,4 степени на северозападот на земјата загинаа повеќе од 17.000 луѓе, мешу кои илјада во Истанбул.

Експертите сметаат дека секој момент е можен земјотрес со поголема сила во Истанбул, економскиот центар на земјата со над 15 милиони жители каде станбените згради, често неплански градени, ретко ги задоволуваат антисеизмичките стандарди.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе