Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Индија достигнува рекорди

Бројот на дневни смртни случаи од ковид-19 се искачи на повеќе од 4.000 втор ден по ред во неделата.

EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Индиското Министерство за здравство во неделата извести за 4.092 смртни случаи во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 242.362.

Бројот на новите случаи на заразени изнесува 403.738, па вкупниот број од почетокот на пандемијата изнесува 22.3 милиони заразени.

Индија е силно погодена од вториот бран на ковид-19, а случаите на инфекција, како и смртните случаи достигнуваат рекордни нивоа секој втор ден.

Со акутен недостаток на кислород и кревети во многу болници, како и места во мртовечниците и крематориумите, експертите велат дека реалниот број на случаи заразени со коронавирус и смртни случаи може да биде далеку поголем.

Многу индиски држави воведоа строги мерки за затворање во текот на изминатите месец дена за да се запре наглиот пораст на инфекции со коронавирус, додека други најавија ограничувања на јавното движење и ги затворија кината, рестораните и трговските центри.

Сепак, се зголемува притисокот врз премиерот Нарендра Моди да објави мерки за затворање во целата земја, како што беа за време на првиот бран минатата година.

Индија во саботата извести за најголем број на смртни случаи од ковид-19,  4187.

Институтот за здравствени податоци објави дека Индија до август ќе забележи милион смртни случаи од ковид-19.

Поддршка пристигнува од целиот свет во форма на боци за кислород, респиратори и друга медицинска опрема за преоптоварените болници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе