Ковид-19

Бројот на починати се приближува до 6 милиони додека пандемијата влегува во третата година

Официјалниот светски број на смртни случаи од ковид-19 е на работ да надмине 6 милиони - што нагласува дека пандемијата, која сега влегува во третата година, е далеку од завршена.

Фото: ЕПА

Овој праг е најновиот трагичен потсетник за непопустливата природа на пандемијата, дури и додека низ целиот свет луѓето ги фрлаат маските, патувањата продолжуваат, а продавниците повторно се отвораат. Бројот на починатите, составен од Универзитетот Џон Хопкинс, во моментов е 5.999.282.

Додека стапката на смртност останува висока во Полска, Унгарија, Романија и другите источноевропски земји, во регионот пристигнаа повеќе од 1 милион бегалци од Украина разурната од војна, земја со лоша покриеност со вакцинација и високи стапки на заразени и починати.

А и покрај своето богатство и достапноста на вакцините, самите Соединетите Држави се приближуваат до 1 милион пријавени смртни случаи, вели АП.

Стапката на смртност во светот сè уште е највисока меѓу луѓето невакцинирани против вирусот, рече Тики Панг, професор на медицинското училиште на Националниот универзитет во Сингапур и копретседател на Азиско-пацифичката коалиција за имунизација.

„Ова е болест на невакцинираните - погледнете што се случува во Хонг Конг во моментов, здравствениот систем е преоптоварен“, рече Панг, поранешен директор за истражувачка политика и соработка со Светската здравствена организација. „Голем дел од смртните случаи и тешките случаи се во невакцинираниот, ранлив сегмент од населението“.

На светот му требаа седум месеци за да стигне до првиот милион смртни случаи од вирусот откако пандемијата почна во почетокот на 2020 година. Четири месеци подоцна умреа уште еден милион луѓе, а по 1 милион умираа на секои три месеци оттогаш, сѐ додека бројот на починатите на крајот на октомври не достигна 5 милиони. Сега достигна 6 милиони - повеќе од жителите на Берлин и Брисел заедно.

Но и покрај огромната бројка, светот несомнено уште пред некое време ја достигна својата 6-милионита смрт. Лошото водење евиденција и слабото тестирање во многу делови од светот доведе до недобројување на смртните случаи од коронавирусот, а тука се и „непотребните“ смртни случаи поврзани со пандемијата, на луѓето што починале не од реални инфекции со ковид-19, туку од причини што можело да се спречат, но не можеле да добијат третман бидејќи болниците беа полни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе