Бројот на новозаразени во Русија повторно е над 10.000

Во Русија во изминатите 24 часа се потврдени 10.598 нови случаи на заразени со коронавирусot, со што вкупниот број на заразени порасна на 262.843.

Фото: ЕПА

Рускиот центар за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починале 113 лица. Вкупниот број на починатите порасна на 2.418, додека бројот на оздравените достигна 58.226.

Жариште на коронавирусот во Русија е Москва, каде што се заразени 135.464 лица, додека од заразата починаа 1.358 лица. Во Москва се излечени 24.562 лица, на кои претходно им бил дијагностициран ковид-19.

Руската служба за заштита на јавното здравје изјави дека во изминатите 24 часа се извршени 225.000 тестирања, а дека од почетокот на пандемијата во Русија се тестирани повеќе од 6,4 милиони примероци.

Првиот случај на зараза со коронавирусот во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од тој вирус.

Со коронавирусот се заразени и некои високи руски официјални лица, меѓу кои се наоѓа и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, како и премиерот Михаил Мишустин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе