Ковид-19

Бројот на новозаразени во Индија паѓа (ВИДЕО)

Индија денес забележа натамошен пад на новите случаи на коронавирусот, иако дневниот биланс на смртност е над 4.000, а експертите предупредуваат дека бројките веројатно не се веродостојни поради недостиг од тестирање во руралните области, каде што вирусот брзо се шири.

Фото: ЕПА

Веќе со месеци ниту еден друг дел од светот не е погоден од пандемија како Индија, додека новата варијанта на вирусот пронајдена таму поттикнува зголемување на бројот на заразените, растејќи за повеќе од 400.000 случаи на ден.

Дури и по намалувањето последниве денови, експертите рекоа дека не е сигурно дека бројот на заразени го достигнал врвот, а расте вознемиреноста и дома и во странство поради новата, позаразна варијанта на вирусот Б.1.617.

„Сè уште има делови од земјата што не го доживеале врвот и сè уште растат“, рече главната научничка на Светската здравствена организација, Соумја Сваминатан.

Сваминатан посочи на загрижувачки високата национална стапка на позитивни случаи, со околу 20 проценти од спроведените тестови, како знак дека најлошото допрва следува.

„Тестирањето сè уште е несоодветно во голем број сојузни држави. И кога ќе го видите уделот на позитивните во уделот на тестираните, очигледно е дека не тестираме доволно. Значи, крајните броеви не значат ништо кога се земаат сами по себе, тие треба да се гледаат во контекстот на тоа колку тестирања се направени и колкав е процентот на позитивните“.

Со нов дневен број од 281.386 заразени, според Министерството за здравство во понеделникот, тоа е пад под 300.000 првпат од 21 април. Починаа 4.106 лица.

Според сегашната траекторија, во следните неколку дена вкупниот број на заразени од епидемијата што ја погоди Индија може да надмине 25 милиони. Вкупниот број на евидентираните смртни случаи е 274.390.

Болниците мораа да одбиваат пациенти, а мртовечниците и крематориумите не можат да се справат со многуте трупови. Фотографиите и телевизиските снимки од погребните клади на паркинзите и труповите што испливуваат на бреговите на Ганг предизвикаа незадоволство од управувањето на владата со кризата.

Нашироко се смета дека официјалните податоци во голема мера се потценување на реалните ефекти на епидемијата, додека некои експерти велат дека реалниот број на заразени и мртви може да биде 10 пати поголем.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе