Демантирани информациите за 250 тела

Бројот на настраданите во поплавите во Турција порасна на 51 (ВИДЕО)

Бројот на настраданите во поплавите и лизгањето на земјиштето во крајбрежниот дел на Турција порасна на најмалку 51, соопшти денес државната агенција за вонредни ситуации и катастрофи.

EPA-EFE

Турската агенција за вонредни ситуации АФАД соопшти дека 43 лица настрадале во Кастамону, седум во Синоп и едно во Бартин.

Девет лица се згрижени во болниците во Синоп, наведе агенцијата.

Силни дождови ги погодија црноморските провинции Бартин, Кастамону и Синоп во средата и предизвикаа поплави, во кои се уништени куќи, оштетени најмалку пет моста, однесени автомобили и бројни патишта станаа непроодни.

Одделни мештани на Кастамону преку социјалните мрежи јавија дека уште стотици луѓе исчезнале, што го кажа и еден опозициски пратеник.

Од кабинетот на покраинскиот гувернер доцна во петокот беа демантирани информациите дека се најдени 250 тела кои не се идентификувани.

Околу 2.250 луѓе се евакуирани низ регионот, некои се спасени од покривите со хеликоптери, а многумина се привремено сместени во студентски домови, соопштија властите.

Климатските експерти недвосмислено кажаа дека климатските промени доведуваат до екстремното време бидејќи светот се загрева поради употребата на јаглен, нафта и природен гас.

Се очекува таквите катастрофи да се случуваат почесто како што ќе се загрева планетата.

Експертите во Турција сметаат дека и интервенциите на реките и непрописното градење исто така придонеле на масовните штетни предизвикани од поплавите во Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе