Бројот на барањата за азил во ЕУ поради пандемијата падна за една третина

Бројот на барањата за азил во ЕУ се намали за 31% во 2020 година, што е најниско ниво од 2013 година, „главно поради ограничувања на движењето“ поради пандемијата, објави Европската служба за поддршка на азил (ЕАСО).

Фото: ЕПА

Според агенцијата, чии податоци опфаќаат 27 земји од Европската Унија, плус Норвешка и Швајцарија, минатата година биле поднесени 461.300 барања, наспроти 671.200 во 2019 година.

„Овој значителен пад од 31 процент го одразува влијанието на пандемијата на ковид-19 и вонредните мерки, како што се ограничувањата на движењето“, се вели во соопштението на ЕАСО.

Во околу четири проценти од случаите во 2020 година барањата биле поднесени од баратели на азил што се претставиле како малолетни лица без придружба, што е зголемување за еден процент во споредба со претходната година.

Главните земји на потекло на барателите на азил, сепак, остануваат исти. Сиријците поднеле најмногу барања (64.540, девет проценти помалку отколку во 2019 година), што е 14 проценти од вкупниот број барања за азил, проследени со мигрантите од Авганистан со 48.578 барања (16 проценти помалку), Венецуела (30.643, помалку за 32 проценти ), Колумбија (29.438, девет проценти помалку) и Ирак (18.167, пад од 40 проценти).

Стапката на признавање на статусот бегалец останува стабилна, на 32% во 2020 година, „и покрај силните флуктуации во текот на годината“. Бегалците од Сирија (84 проценти), Еритреја (80 проценти) и Јемен (75 проценти) имаат најголема корист од оваа заштита, додека стапката на признавање на статусот бегалец од Колумбија и Венецуела е само два проценти и три проценти, соодветно.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе