Бројките од Австрија покажуваат колку е ефикасна вакцината

Само 10 проценти од новоинфицираните со коронавирус во Австрија се на возраст над 65 години, што укажува на тоа дека кампањата за вакцинација во земјата почнува да делува.

Фото: ЕПА

Од 17.135 новоинфицирани минатата недела, 10.2 проценти, или 1.743, биле на возраст над 65 години, што укажува на тоа дека вакцината почнува да делува.

Меѓу граѓаните постари од 85 години, 71 процент од мажите и 65 проценти од жените ја примиле барем првата доза од вакцината.

Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, вакцинирани се 69 проценти од мажите и 67 проценти од жените, а во возрасната група од 65 до 75 години, 44 проценти од мажите и 42 проценти од жените биле вакцинирани.

Во Австрија, 1.76 милиони граѓани или 23.36 проценти од населението, ја примиле досега првата доза од вакцината. Две дози примиле 718.314 лица – 9.54 проценти од населението.

Уделот на млади до 25 години меѓу новозаболените сега е 30.7 проценти.

Просечната возраст на новите случаи во Австрија минатата недела била 37.6 години, а до пред една година 56.7 години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе