КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО УКРАИНА

Бројката на мртвите во Киев се искачи на 67

64 луѓе загинале, а над 550 се повредени во насилните немири во Киев, соопшти Министерството за здравство на земјата. Лекарите што работат на Плоштадот на независноста во Киев, меѓутоа, велат дека од вторникот до денес само од страната на демонстрантите загинале најмалку 70 луѓе.

Билансот на жртвите во најнасилниот бран судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев најверојатно ќе се зголеми, бидејќи од Одделот за здравство, од градските власти и од опозицијата доаѓаат различни информации.

Досега биле повредени 550 луѓе, според официјалните процени.

Порастот на бројот на жртвите е последица на тоа што сега и демонстрантите и полицијата во судирите користат боева, смртоносна муниција. Многумина од демонстрантите и полицајците што беа убиени или повредени од вторникот досега се со прострелни рани. На полицијата денеска официјално ѝ беше дозволено да употребува огнено оружје во согласност со законот, по наредба на украинскиот министер за внатрешни работи.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе