Според полицијата

Бројката на мртви во Нов Зеланд се искачи на 49, убиецот си објавил манифест на Твитер (ВИДЕО)

Во нападот се убиени 49 лица, меѓу кои 41 во џамијата на Динс авенија и седум во џамијата Линвуд, рече полицискиот комесар на Нов Зеланд Мајк Буш на прес-конференција. Уште една жртва починала во болница.

Човек во доцни 20-ти години е обвинет за убиство и утре ќе се појави на суд во Крајстчерч.

Двајца други што се уапсени на местото на настанот со пиштоли се испитуваат. Четвртото уапсено лице можеби немало никаква врска со нападот.

Неколку пушки се земени од двете џамии. Два експлозивни направи биле пронајдени на две возила на местото на настанот. Едната е деактивирана.

Осомничените ѝ биле непознати на полицијата.

Полицијата останува претпазлива, но не бара никого друг во врска со нападите.

Човекот што се стримал како напаѓа џамија во Крајстчерч и убива најмалку 40 лица пред дивеењето се идентификувал како „австралиски државјанин Брентон Тарант“.

На сега избришаниот профил на Твитер Тарант објавил повеќе фотографии од списанија за митралези и линк до нешто што се опишува како манифест за неговите акции.

Документот од 74 страници почнува со цитирање поема на Дилан Томас, „Do not go gentle into that good night“, а потоа следува верглање за белиот геноцид.

Тарант ги истакнува своите мотиви: „да создаде атмосфера на страв“ и да „поттикне насилство“ против муслиманите, а дава и автобиографски детали.

Тарант, австралиски државјанин за кој се верува дека доаѓа од северниот град Графтон во Нов Јужен Велс, го насловил документот „Големата замена“.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе