Бродот што го блокираше Суецкиот канал е запленет, Египет бара 900 милиони долари отштета

Египет бара 900 милиони долари отштета по блокирањето на Суецкиот канал на крајот на март, а товарниот брод кој ја предизвика блокада е запленет.

EPA-EFE

Синоќа шефот на Управата на Суецкиот канал на државната телевизија кажа дека се водат преговори за надомест на штетата која ја предизвика бродот Евер гивен кој заглави во каналот и го блокираше сообраќајот на клучниот морски пат. Египет тврди дека нема негова грешка во инцидентот и целата одговорност ја префрла на бродот.

„Преговорите продолжуваат, има уште многу неусогласени точки со компанијата и осигурувањето, почнувајќи од износот“, кажа адмиралот Осама Раби.

Извор од управата на Суецкиот канал за Франс прес кажал дека се водат преговори со јапонската компанија Шоеи кисен, сопственичката на бродот, и осигурителните компании.

Адмиралот Раби кажа дека неговата земја бара 900 милиони долари отштета.

Истиот извор кажал дека таа сума одговара на загубите кои бродот им ги предизвикал на властите и за неговото одглавување и одржување.

Сообраќајот во каналот, низ кој се одвива 10 отсто од светската трговија, продолжи на 29 март по одглавувањето на бродот со помош на меѓународни експерти.

Над 400 брода беа блокирани шест дена. Бродот кој плови под панамско знаме, долг колку четири фудбалски игралишта, од тогаш е вкотвен во езерото Гранд лак амер во средината на каналот.

Управата на Суецкиот канал наведува дека Египет за време на инцидентот губел меѓу 12 и 15 милиони долари дневно.

Еден од главните извори на приход на земјата, минувањето низ каналот на Египет во 2019-2020 му донело 5,7 милијарди долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе