Несреќа во Средоземно Море

Бродолом кај Либија, се стравува дека има 150 загинати

Се стравува дека 150 лица загинале во бродолом кај брегот на Либија, а уште 145 се спасени, рече портпаролот на агенцијата за бегалци УНХЦР Чарли Јаксли.

Бродот ја напуштил Либија од Хомс, град оддалечен 120 километри источно од Триполи. Околу 300 луѓе патувале, според првите достапни извештаи за преживеаните, но не е јасно дали имало едно или две пловила, пренесе Ројтерс.

Преживеаните биле спасени од локални рибари, а потоа либиската крајбрежна стража ги вратила на копно, рече Јаксли.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на Твитер објави дека повеќе од 150 луѓе се стравува дека се удавиле, додека 145 се спасени и вратени во Либија.

Ако овие информации се потврдат, тоа ќе биде најголем број мртви во еден бродолом во Средоземно Море оваа година.

Либија е центар за мигранти, од кои многумина се обидуваат да стигнат до Европа на несоодветни бродови.

УНХЦР и другите агенции на Обединетите нации во неколку наврати побараа преживеаните да не се враќаат во Либија, во зоната на конфликт каде што спасените мигранти и бегалци рутински се затвараат и се држат во нехумани услови, објави агенцијата.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе