Брод полн со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка, се заканува еколошка катастрофа (ВИДЕО)

Танкер полн со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка, додека светот стравува дека несреќата може да се претвори во еколошка катастрофа, пренесува Би-би-си.

Screenshot

Танкерот Х-Прес Перл регистриран во Сингапур гореше речиси две недели пред пожарот да биде изгаснат оваа недела. Ако бродот потоне, стотици тони гориво може да се излеат во морето и да го уништат тамошниот морски живот.

Морнарицата на Шри Ланка и Индија во изминатите денови заедно работеа на гаснење на пожарот, а сега на спречување да се скрши и потоне бродот, но операцијата ја отежнуваат немирното море и монсунските ветрови.

Портпаролот на морнарицата на Шри Ланка, Индика Силва за Би-би-си изјави дека „спасувачите се обидуваат да го повлечат бродот кон длабокото море пред да потоне за да се минимизира загадувањето на морето".

Екологот Ајанта Перера предупреди дека можноста за потонување е најлошото сценарио за животната средина.

„Со целиот опасен товар, азотната киселина и други соединенија, како и горивото на бродот, тонењето ќе доведе до уништување на целото морско дно", додаде таа.

Крајбрежната област во близина на градот Негомбо е веќе загадена со нафта и други загадувачи. Министерството за риболов на Шри Ланка објави дека стапиле во сила вонредни мерки за да се заштити лагуната Негомба и околните области.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе