Брод на американската крајбрежна стража испукал 30 предупредувачки истрели кон ирански бродови

Американски воен брод испукал 30-тина предупредувачки истрели откако на американски бродови во Ормускиот Теснец им се приближиле 13 бродови на морнарицата на иранската Исламска револуционерна гарда, соопшти Пентагон.

EPA-EFE

Ова е втор пат во последниот месец американски воени бродови да мора да испукаат предупредувачки истрели поради, како што наведуваат, опасното однесување на иранските бродови во регионот, по релативното затишје во текот на минатата година.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кажа дека предупредувачките истрели биле испукани откако иранските бродови се приближиле на оддалеченост од 150 метри од американските воени бродови, вклучувајќи го ракетниот крстосувач УСС Монтереј, кои ја следеле подморницата Џорџија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе