Истакна дека Србија имплементирала сѐ што било договорено во Брисел и порача дека Заедницата на српски општини (ЗСО), што е обврска на Приштина, мора да биде формирана како што е договорено, а не како невладина организација.
Брнабиќ истакна дека околу ЗСО нема понатамошен дијалог, и дека е разочарувачко тоа што ЕУ, која, како што истакна, е стратегиска цел на српската влада, дозволила ЗСО да не биде формирана ни седум години откако е договорена.
Како што истакна, цивилизациска норма и црвена линија е ако нешто испреговарате и потпишете, тогаш и да го имплементирате.
Брнабиќ истакна дека прашањето на Косово и Метохија останува главното прашање за безбедноста на Србија, за да не се случи „некој ден некој, намерно или случајно, со провокација да направи ситуација да имаме оружен судир“ како во Нагорно Карабах.
„Тоа не можеме да го дозволиме“, кажа Брнабиќ и истакна дека Белград има многу повеќе да изгуби од Приштина.