Брнабиќ: Заедницата на српски општини мора да биде формирана онака како што е договорено

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека прашањето на Косово и односот со Приштина останува еден од најголемите предизвици и прашање за безбедноста на земјата.

EPA-EFE

Истакна дека Србија имплементирала сѐ што било договорено во Брисел и порача дека Заедницата на српски општини (ЗСО), што е обврска на Приштина, мора да биде формирана како што е договорено, а не како невладина организација.

Брнабиќ истакна дека околу ЗСО нема понатамошен дијалог, и дека е разочарувачко тоа што ЕУ, која, како што истакна, е стратегиска цел на српската влада, дозволила ЗСО да не биде формирана ни седум години откако е договорена.

Како што истакна, цивилизациска норма и црвена линија е ако нешто испреговарате и потпишете, тогаш и да го имплементирате.

Брнабиќ истакна дека прашањето на Косово и Метохија останува главното прашање за безбедноста на Србија, за да не се случи „некој ден некој, намерно или случајно, со провокација да направи ситуација да имаме оружен судир“ како во Нагорно Карабах.

„Тоа не можеме да го дозволиме“, кажа Брнабиќ и истакна дека Белград има многу повеќе да изгуби од Приштина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе