Брнабиќ: Задолжителната вакцинација би нè довела до Стразбур

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека воведување задолжителна вакцинација за здравствените работници би отворило други проблеми за Србија.

EPA-EFE

Таа смета дека таква одлука евентуално би довела до почнување процес на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

На конференција за новинари по отворање нова ковид болница во Нови Сад, Брнабиќ кажа дека таа не би сакала на лекарите да им наметнува „толку очигледни работи“ како обврска, бидејќи смета дека тоа би било навредување.

„Мислам дека здравствените работници веруваат во науката и во здравството и дека тие ќе ја поведат вакцинацијата“, кажа Брнабиќ.

Истакна дека евентуалното воведување задолжителна вакцинација во здравството би довело до отпуштање на 20 отсто на здравствените работници кои од некои причини не сакаат да се вакцинираат.

„Тогаш ги имате синдикатите, оние за човекови права и 300 чуда кои доаѓаат со тоа. Затоа мислам дека постои друг начин, да победи разумот“, кажа таа.

Истакна дека кризниот штаб на српската влада ќе разговара за тоа на следната седница.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе