Брнабиќ: Вучиќ не спие со денови, доби грип, под страшен стрес е поради Косово

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ „фатил некој грип".

Фото: ЕПА

„Тој не мирува, можам да го кажам тоа. Би сакала малку повеќе да одмора. Тој е под страшна тензија, се разбира, поради сè што се случува на Косово и Метохија, мислам дека навистина со ноќи не спиел. Покрај сето тоа фати и некој грип. Имунолошкиот систем му ослабна, се разбира, од напорите и од стресот“, рече Брнабиќ за ТВ Хепи.

Советничката за медиуми на претседателот на Србија Сузана Васиљевиќ во вторникот за телевизијата Јуроњуз изјави дека Вучиќ по совет на лекарите ги откажал закажаните состаноци со амбасадорите на Русија и Кина.

Откажан е и најавениот говор на Вучиќ на дводневната конференција „Западен Балкан, еден регион, еден пазар - чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“, која започнува денес во Нови Сад.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Србија, како дел од турнејата на Западен Балкан, и, според најавата, требало да ја пречека претседателот Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе