Српската премиерка

Брнабиќ: Во право е кога велат дека Ѓукановиќ му нацртал мета на челото на Вучиќ

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ кажа дека се во право оние кои велат дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ му нацртал мета на челото на својот српски колега Александар Вучиќ.

EPA-EFE

„Демократската партија на социјалистите, Ѓукановиќ и неки медиуми во Србија навистина му цртаат мета на челото на претседателот на Србија Александар Вучиќ и не можат да се оттргнам од впечатокот дека Ѓукановиќ не може да излезе од деведесеттите, додека ние сме далеку отидени од деведесеттите и гледаме во иднината“, кажа Брнабиќ.

„Немојте утре, ако му се случи нешто на Александар Вучиќ, да зборувате дека никој нема никаква врска со тоа“, порача српската премиерка.

Таа додаде дека нејзината влада и претседателот на Србија водат сметка за Србите каде и да живеат, дека интересот на граѓаните е мирен и просперитетен регион, дека Вучиќ последниот пат го нудеше таканаречениот мини-Шенген кој значи слобода на движењето на стоките, луѓето, услугите и капиталот, и дека и Црна Гора била повикана но дека одбила.

Брнабиќ пораќа дека не може засекогаш власта да се заснова „врз лажни обвинувања и лажна загрозеност од Србија“, а дека Вучиќ изборите ги добил врз план и програма и конкретни проекти.

„Кажавме до 2025 година плата од 900 евра и конкретно како, со кои вложувања ќе дојдеме до тоа“, кажа српската премиерка.

Таа истакна дека Црна Гора според стандардот била далеку пред Србија, но дека тоа повеќе не е така и дека можеби Ѓукановиќ во тоа треба да ги бара причините за губењето на довербата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе