Вакцинирани се 438.000 лица

Брнабиќ: Во понеделник или вторник договори за уште 11 милиони вакцини

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека државата има потпишано договори за околу 6,5 милиони вакцини и дека во понеделник или вторник ќе има уште 11 милиони вакцини против коронавирус.

EPA-EFE/Andrej Cukic

Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека досега во Србија се вакцинирани 438.000 лица и дека на сите ќе им бидат обезбедени дози за ревакцинација.

„Србија покажа дека во овие најтешки моменти може да биде најдобра и тоа не е случајно“, рече Брнабиќ, наведувајќи дека Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани, зад Велика Британија.

Таа рече дека Србија се издвојува како „цврста и жилава“ земја која на граѓаните може да им обезбеди вакцини и лекови, болници и да има најмала смртност.

Според неа, тоа ги покажува резултатите од сериозната надворешна политика што ја води претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека Србија има одлични односи со САД, Европската унија, Русија, Кина, Индија и земјите кои произведуваат вакцини.

Таа рече дека никој не треба да се грижи за ревакцинација.

„Ние сме навистина први во Европа, бидејќи веќе обезбедивме ревакцинација за сите вакцинирани лица“, рече Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Andrej Cukic

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе