Српската премиерка

Брнабиќ со порака до НАТО: Зауздајте го Курти, нè доведува до раб на хаос

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ се огласи по акцијата на косовската полиција во Косовска Митровица.

EPA-EFE

„Ја повикувам меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го зауздаат Аљбин Курти. Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се сопре лудачката политика која ја спроведува Приштина. Ваквото однесување ја преминува секоја граница и доведува на раб на хаос“, наведе Брнабиќ.

За тензиите на северот на Косово се огласи и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ, кој кажа дека оваа акција е „уште една провокација на Курти пред изборите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе