Српската премиерка

Брнабиќ: Сакаме помирување. Хрвати, не бараме од вас да се извините

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ, зборувајќи за одбележувањето на 25-годишнината на операцијата Олуја, кажа дека за неа се „најважни пораките на мир и помирување кои ги испратил српскиот претседател Александар Вучиќ“.

EPA-EFE

„Сакаме помирување, мир, но не бараме од вас да се извините, да го признаете геноцидот во Јасеновац, но сакаме да нѐ оставите да го тагуваме тој ден или тие денови. Сакаме помирување, но не и понижување, на кое нема да се согласиме“, кажа Брнабиќ.

На прашањето да го искоментира присуството на вицепремиерот на храватската влада од редовите на српското малцинство Борис Милошевиќ на одбележувањето на Олуја во Книн, таа кажа дека за тоа е тешко да се зборува и дека таа се држи и се сложува со српската државна политика која ја зацртал претседателот на Србија Вучиќ.

„Ние не сакаме Србите повеќе да се делат, каде и да живеат, во БиХ, Хрватска... туку да им пружиме поддршка и да бидеме единствени и затоа мене ми е тешко јавно да го осудам тоа што Милошевиќ го направи“, кажа српската премиерка.

Но иако кажа дека ѝ е тешко кавно да го осуди чинот на Милошевиќ, сепак кажа дека не може ни да го поддржи.

„Не разбирам зошто тоа беше направено. Би разбрала доколку Србите нешто добиеја, да отиде таму кога Србите кои се повратници ќе добијат струја, но да го направите тоа кога ништо не се случило, во надеж дека повратниците ќе добијат стрија во земја членка на ЕУ во 21 век, тоа не го разбирам и тоа е многу понижувачко“, кажа Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе