Таа наведе дека од утре ќе бидат вакцинирани просветните работници, припадниците на војската и полицијата како и новинарите.
„Ние луѓето кои изразија интерес веќе почнавме да ги викаме на вакцинирање. Ве молам да се пријавите во што поголем број, колку побрзо и поефикасно ќе го направиме ова, толку побрзо ќе се вратиме на нормалниот живот“, наведе премиерката, а пренесе српската влада.
Таа оцени дека системот за пријавување за вакцинирање преку интернет функционира „апсолутно совршено“ и апелираше до просветните работници да се пријават во што поголем број имајќи го предвид продолжувањето на школската година.
„Исклучително е важно сите заедно да направиме сè што е во наша моќ за децата што подолго да одат во училиште. Особено е тоа важно за најмладите основци од прво до четврто одделение, да бидат со своите учители и наставници, да се дружат, социјализираат и стекнуваат работни навики. Затоа ја донесовме одлуката повторно да почнеме со настава по зимскиот распуст“, кажа претседателката на српската влада.
Наведувајќи дека постои „исклучително добар“ систем за надзор над новозаболените, таа најави дека надлежните во соработка со Институтот за јавно здравје на Србија секојдневно ќе го следи бројот на новозаболени ученици, наставници и ненаставниот персонал во училиштата.
„Ќе им ја пружиме сета потребна поддршка за наставата да трае што понормално и подолго“, кажа Брнабиќ.