Српската премиерка

Брнабиќ: Од сабота воведуваме ковид-пропусници

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ потврди дека од сабота, 23 октомври во Србија се воведуваат ковид-пропусници, истакнувајќи дека пропусниците не се единствената мерка, но дека, за жал, постоечките мерки не се почитуваат доволно.

EPA-EFE

„Иако имаме над 50 починати дневно, и многу заразени, никој не мисли дека е потребно да ги почитува мерките. Поради тоа почнуваме со заострување на мерките“, кажа таа.

Таа истакна дека вакцинацијата во Србија е и понатаму лоша.

„Гледаме дека сè повеќе млади луѓе заболуваат, имаме денес и смрт на 16-годишно момче. Апелот е – вакцинација, вакцинација, вакцинација“, истакна Брнабиќ.

Додаде дека луѓето кои работат во болниците сведочат дека 90 отсто од луѓето на интензивна нега се невакцинирани.

„Поради тоа одлуката е од сабота во 22 часот да воведеме ковид-пропусници за сите угостителски објекти во затворен простор“, потврди српската премиерка.

Таа објасни дека ковид-пропусниците не значат само дека е извршена целосна вакцинација.

„Ковид-пропусниците не се само вакцините. Тоа е и потврда за втора, односно трета доза вакцина не постара од 7 месеци. Доколку сте примиле втора доза и по 7 месеци не сте примиле трета, нема да ви биде валиден ковид-сертификатот. Негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, негативен антигенски тест не постар од 48 часа, сертификат дека сте прележале ковид во претходните 210 дена. За странците тука е валиден ЕУ дигиталниот ковид сертификат“, објасни Брнабиќ.

„Ако имаме ваква скепса и сомнеж кон вакцините, не е проблем само ковидот. Ќе биде сè поголем проблем за општеството бидејќи ќе ни се враќаат и болестите кои се искоренети. Зборуваме генерално за вакцинацијата.

Ги молам луѓето за себе и за своите блиски да ги почитуваат важечките мерки“, кажа Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе