„Потребна е стабилност, а не да се караме“

Брнабиќ: Нормално дека ме погоди анатемата на српскиот епископ

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ изјави дека ја погодиле делови од говорот на владиката банатски Никанор, кој фрли анатема на неа и сите кои ќе учествуваат на манифестацијата Еуропрајд во Белград.

EPA-EFE

„Дали ме погоди нешто од тоа, па да, секако. Кога некој ќе ви го спомне детето, тоа за секоја личност е како вжештен стап во око. Дали ме погоди тоа што некој за моите баби и дедовци кажа дека го колеле српскиот народ – нормално, ужасно ме погоди, човечки“, кажа Брнабиќ.

Таа кажа дека Српската православна црква (СПЦ) е еден од основните столбови на српскиот народ и општеството, и истакна дека „никогаш ниеден збор против СПЦ нема да каже“.

Таа истакна дека тоа сепак „не е битно“ во овој момент, истакнувајќи дека е „потребна стабилност, а не да се караме“.

„Ние тука мораме да се бориме за наша Србија. Во овој момент да му ја дадеме сета поддршка на претседателот (на Србија Александар) Вучиќ за да се избори таму (во Брисел) и да обезбеди и понатаму да имаме мир. Сè останато не е важно“, наведе српската премиерка.

Епископот банатски Никанор ја проколна Брнабиќ и сите оние кои ќе учествуваат на Еуропрајд во септември во Белград.

Никанор премиерката на Србија ја нарече „ќерка и внука на оние што ги колеле Србите“, а ги повика свештенството и народот да се побунат против геј парадата, тврдејќи дека тој лично би употребил и оружје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе